Користам standing биро од Hedra веќе една година и навистина сум презадоволен од целокупното искуство. Од почеток се забележува висок квалитет на изработка - конструкцијата е исклучително стабилна дури и кога бирото е подигнато на поголема висина. Моторот работи тивко, без тресење. Исто така, контролите се едноставни за користење и имаат мемориски позиции, што е голем плус.
Корисничката поддршка е на навистина високо ниво. Секојпат кога имав прашање или ми требаше помош, добив брз, јасен и професионален одговор. Се гледа дека се грижат за клиентите и стојат зад својот производ.
Само напред дечки!
Имаме две бироа од Хедра, едното го користиме 5 години другото скоро една година. Совршено функционираат. Од “да се поткачам џамови да избришам” до користење за работа секојдневно можам да потврдам дека се многу цврсти и квалитетни.
Тимот е услужлив и достапен во секое време.
И да, отпорно на кафе сок и што уште не истурено врз тач падот за мењавање висина 🫠🫣
Thanks Hedra!